Македонија

Зиадин Села: По 17 октомври, нема да има повеќе општини управувани од ДУИ, нашата коалиција ќе победи од Струга до Липково

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, од Гостивар рече дека 17 октомври има врска со родното место, куќата, населбата, градот и селото што ќе треба да го изградиме за да биде убаво и топло.

„Така што секогаш кога ќе не чека, да не пречека топло, така како што пречека татковината“, рече Села.

Села рече дека членовите и симпатизантите на коалицијата АА-ААА зрачат со искреност.

„Другите кои сакаат да го зачуваат статус квото, се обидоа залудно, сакајќи да ја опишат политиката на различни начини со најлошите зборови, обидувајќи се да ја остават искреноста назад. Ако мерна вредност се нашите противници, да точно е дека политиката е лага, ако мерната вредност е ДУИ, да вистина e дека политиката е нечесност, ако мерната вредност е Невзат Бејта, политиката може да биде се друго, само чесност не. И ако мерната вредност на политиката е Артон, тогаш политиката е циркуз и ништо друго, но кога мерна вредност е Халил, кога мерна вредност е Африм, кога мерна вредност е Вјолца, и кога мерна вредност е Ремзи, Лули, Исен, Албан, и кога мерната вредност е Арбен, тогаш политиката е чест, достоинство, храброст, одговорност и пред се, е аманет што им ја оставаат на своите деца во наследство, за да биде почесна, посветла оваа иднина “, изјави Села.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни