Министерството за здравство информира дека во последниве 24 часа се направени 3.595 тестирања, а регистрирани се 395 нови случаи на КОВИД-19.
Регистрирани сe 245 оздравени пациенти, додека пак во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица.
- 6 починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68)
- 2 починати лица од Велес (71г и 66г)
- 1 починато лице од Битола (22г)
- 1 починато лице од Македонски Брод (75г)
- 1 починато лице од Радовиш(67г)
- 1 починато лице од Куманово (90г)
- 1 починато лице од Струмица (66г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година.
Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.762бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи изнесува 6.813.