Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за ТВ 24Вести истакна дека очекува победа и на советничката листа, и победа на Данела за градоначалник на Скопје.
– Граѓаните препознаа нов модел на водење на политика и сега кај нас е обврската, довербата на граѓаните да ја оправдаме. – истакна Муцунски.
Според досегашните податоци од ДИК за Муцунски гласале 58,70% од избирачите, додека за неговиот протикандидат од СДСМ и Коалицијата 24,68%.