Македонија

Институтот за јавно здравје нема да прима невакцинирани работници

Интересот за вакцинација продолжува да опаѓа. Дневно поминуваат не повеќе од 500 граѓани, кои ја примаат првата доза низ државата. Од 3 до 5 илјади вакцини колку што се дадени дневно, опфатени се граѓаните со втората и третата доза. Само 35% од населението е целосно имунизирано, иако целта на властите беше да достигнат 70% до есен. Ваквата состојба алармираше во Институтот за јавно здравје, каде од понеделник покрај мотивација ќе ја користат и обврската за вакцинација.

„Ние како Институт за јавно здравје донесовме препорака, иако вакцинацијата тука достигна 95%, никој не може да влезе во зградата на ИЈЗ доколку не е вакциниран и како услов да работам треба да направам ПЦР тест или на секои 72 часа брз тест“, изјави Шабан Мехмети, директор на ИЈЗ.

Алсат

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни