Човекот кој беше застрелан од полицијата во Коломб, откако упати закани, не бил заведен во датотеката како С (радиказилизиран). Тој бил погоден во карлицата, а им подлегнал на повредите „и покрај обидите за реанимација од страна на итните служби“.
Лице вооружено со нож и се заканило на полицијата, извикувајќи „Алах Акбар“, пред да биде застрелано од полицијата во Коломб во близина на Париз.
Триесет и едно годишниот маж и бил познат на полицијата поради различни прекршоци. Отворена е истрага од страна на обвинителството на Нантер.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманиан во порака на Твитер ја пофали „ладнокрвноста на полицијата“.
– Повеќе од кога и да е, мора да останеме будни, и повеќе од кога и да е, спроведувањето на законот е во првата линија. Им благодариме за нивната храброст, напиша тој.