Македонија

ВИДЕО од тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци

Во близина на синоќешната несреќа, во 2019 година од патот излета и автобус при што загина 16 лица кои патувале од Скопје кон Гостивар.

53 годишен жител на село Чегране починал на лице место на автопатот Скопје-Тетово по тешка сообраќајна несреќа во близина на село Ласкарци, Сарај.

„Патничко возило „јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од с.Чегране, гостиварско, излетало од коловозот. На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од с.Чегране“, соопштија од МВР.

Возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од МВР.

Пред две години, на овој автопат поради неприлагодена брзина и најверојатно оштетување на сопирачките, од патот излета автобус на компанијата „Дурмо турс“ при што загинаа 16 лица. Судскиот процес за овој предмет се уште е во тек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни