Тој посочува дека е неопходен процесот на имунизација, како и почитување на сите пропишани епидемиолошки мерки.
Предраг Кон, епидемиолог и член на Кризниот штаб за борба против епидемијата на коронавирус, за „Пинк“ изјави дека се неопходни сериозни санкции за оние кои не ги почитуваат епидемиолошките мерки.
– Сите на респиратор се опасни по живот. Имаме случај на 16-годишно момче кое е во тешка состојба. Сето ова заедно значи дека вирусот бара чувствителна популација, а во училиштата влегува преку семејства – вели Кон за Пинк.
Тој истакна и дека е неопходен процесот на имунизација, како и почитување на сите пропишани епидемиолошки мерки.
– Мораме да бидеме поефикасни и побрзи. Ако сакаме резултат, вакцинацијата е неопходна. Препораката за вакцинација на деца од 12 годишна возраст е јасна, а наскоро ќе биде регистрирана вакцина за деца од пет до 11 годишна возраст – наведува тој.