Свет

ЕКСПЛОЗИЈА НА КИНЕСКИ УНИВЕРЗИТЕТ: Има мртви и повредени (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а најмалку девет други се повредени во експлозија на универзитет во источна Кина , јавија денеска кинеските државни медиуми.

Експлозијата се случила во неделата попладне на Универзитетот за аеронаутика и астронаутика во Нанџинг, пренесува агенцијата АП.

Официјални лица ја истражуваат причината за експлозијата на Факултетот за наука за материјали и технологија на Универзитетот, објави кинеската државна телевизија CCTV.

https://twitter.com/unapologeticAnk/status/1452257838751957000

Идентитетот на жртвите не е соопштен.

На веб-страницата на училиштето се наведува дека повеќе од 1.000 странски студенти посетувале курсеви за инженерство, бизнис и кинески јазик во училиштето, но не е јасно колку остануваат откако Кина почна да воведува ограничувања за патување поради пандемијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни