Свет

Цените на нафтата растат седма недела по ред

Минатата недела порасна и цената на барел нафта на лондонскиот пазар, достигнувајќи тригодишен рекорд, бидејќи се очекува побарувачката да продолжи да се зајакнува, додека понудата е ограничена.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна на 85,53 долари, а во еден момент достигна и 86,10 долари.

На американскиот пазар барелот поскапе за 1,7 отсто на 83,76 долари, што е нов рекорд од есента 2014 година.

Поддршка на цените обезбедува растот на побарувачката на нафта, но и други извори на енергија поради закрепнувањето на светската економија од корона кризата, додека најголемите производители на „црното злато“ имаат релативно ограничено производство, пренесува Bankar.me.

Покрај тоа, цените растат поради стравувањата од недостиг на јаглен и гас во Кина, Индија и Европа, што поттикна пораст на цените на овие извори на енергија. Затоа некои производители на струја се префрлија од гас на поевтини нафта за греење и дизел.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни