Генералниот секретар на Алијансата за Албанците и воедно кандидат за градоначалник на Гостивар од редовите на Алијансата и Алтернатива, поддржан и од ВМРО,
Арбен Таравари вчера на прес-конференција рече дека претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети има здравствени проблеми и дека наскоро ќе мора да замине во пензија.
Мислам дека Али Ахмети има реални здравствени проблеми и му посакувам наскоро пријатна пензија, се надевам за месец-два ќе оди таму каде што треба“, рече Таравари.
Таравари, покрај функциите во политиката, е и лекар и барем како што вели еднаш неделно го носи белиот мантил, додека изјавата што ја даде денеска давајќи медицинска прогноза на прес-конференција на неговата политичка партија ја прави не оди за чест.