Свет

Австралија вети дека ќе ги намали емисиите на јаглерод на нула

Еден од најкритикуваните загадувачи во светот, Австралија, вети дека ќе ги намали емисиите на јаглерод на нула до 2050 година.

Заложбата ја презеде премиерот на оваа земја Скот Морисон.

Тој рече дека Австралија има план за намалување на емисиите, но не вклучува затворање на секторите за фосилни горива, кои предизвикуваат големо загадување.

„Нема да земаме лекции од другите кои не ја разбираат Австралија. Австралискиот начин е за тоа како се прави тоа, а не дали е направено… Се работи за негова реализација“, рече Морисон.

За да ги спречат лошите ефекти од климатските промени, земјите ветија дека ќе го ограничат порастот на температурата на 1,5 Целзиусови степени до 2050 година.

Тоа бара намалување на емисиите за 45% до 2030 година и достигнување на нула до 2050 година, велат научниците.

Австралија долго време ја одложуваше својата климатска акција, што доведе до несогласувања меѓу неа и нејзините стратешки сојузници.

Австралија е една од најзагадените земји по глава на жител и главен глобален снабдувач на јаглен и гас.

Морисон рече дека повеќе од 20 милијарди долари ќе бидат инвестирани во „технологии со ниски емисии“ во следните 20 години.

Тие вклучуваат напори за зафаќање на јаглеродот во земјата, намалување на трошоците за соларна енергија и развој на позелени индустрии.

Но, не постои план за ограничување на фосилните горива.

„Сакаме нашите тешки индустрии, како рударството, да останат отворени, да останат конкурентни и да се адаптираат, за да останат на своето место се додека глобалната побарувачка дозволува“, рече Морисон.

Тој рече дека ова ќе помогне да се зачуваат руралните заедници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни