Македонија

Бектеши: Нема потреба да се прогласува енергетска криза

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека врз основа на анализата направена во Комисијата за објавување на енергетската криза, констатирано е дека нема да се прогласи енергетска криза во земјава. Тој повтори и дека до крајот на годинава нема да има поскапување на струјата за домаќинствата и малите компании.

„Ги повикав сите енергетски компании, производителот на струја, операторот за пренос, дистрибутерот и Регулаторната комисија за енергетика. Разговаравме за моменталната состојба, проекциите и анализите за наредните недели и месеци и заеднички заклучок беше дека до крајот на годината нема да има поскапување на струјата за домаќинствата и малите компании“, рече Бектеши.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни