Независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците вели дека нема да има проблеми при функционирањето, бидејќи в понеделник очекува премиерот Заев да си ја поднесе ветената оставка.
„Очекувам во понеделник, кога ќе ги узгубите овие избори да си ја депонирате оставката која што ја ветивте“, вели Данела Арсовска во интервју за ТВ Сител.
Таа додава дека во политиката влегла бидејќи немала дамки, а доклку СДСМ сакала нешто да направи за Градот Скопје тоа можела да го направи во изминатите четири години, бидјеќи ја имале и локалната и централната власт.
„5% од ветената програма Живот за сите за Град Скопје од 2017 година не е исполнета“, додаде Арсовска.
За потсетување, по првиот круг од локалните избори Арсовска беше во голема предност пред Шилегов.