Македонија

Ахмети: Во 2015 година заедно со Тачи констатиравме дека македонските политичари не се доволно одговорни за државата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети гостува вечерва во живо во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Тој вели дека во 2015 година заедно со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, констатирале дека македонските политичари не се доволно одговорни за државата.

„После 5 дена напорни преговори во Пржино, тешки преговори со претставниците од Меѓународната заедница, видов дека Груевски и Заев немаат доволно голема желба за да најдат решение. Тоа според мене, ја влечеше земјата назад. Поради нив, и тие дневни политички калкулации не можеше да се најде решение. Во тој момент, го поканив г-дин Мендух Тачи и му реков да заземеме заеднички став и да им го пренесеме на македонските политичари доколку не најдат решение, ние ќе ги радикализираме нашите дејствувања. Но потоа, со притисок од меѓународниот фактор се изнајде решение“, истакнува Ахмети.

Лидерот на ДУИ додава дека сепак, не гледале доволно голема одговорност од македонските политичари за земјата да оди напред.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни