Македонија

Министерството за здравство дава нови детали за сертификатите за вакцини

Министерството за здравство соопшти дека вчера граѓаните кои генерирале ЕУ сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk, мора да генерираат нов преку веб порталот. Станува збор за безбедносен протокол кој спречил употреба на лажни сертификати на ЕУ, со лажни имиња и лажни податоци.

Сите земји кои го имплементираа EUDCC, како што беше наведено, се соочуваат со постојани напади врз нивните системи од страна на малициозни трети страни. Меѓу нив е и Република Северна Македонија.

Како дел од ваквиот напад врз системот, вчера трети лица успеаја да генерираат четири лажни сертификати на ЕУ, со лажни имиња и лични податоци, додека во сертификатот пишуваше дека вакцината ја примиле во Република Северна Македонија. На лажните ЕУ сертификати не пишуваа имињата и податоците на нашите граѓани. Личните податоци на нашите граѓани се безбедни и нивната безбедност не е нарушена, истовремено е зголемена и активно се следи и се подобрува безбедноста на системите, што придонесува да се избегне ваков случај во иднина, информираат од Министерството и потенцираат дека нивните тимови се во постојана комуникација со тимовите за сајбер безбедност кои ја поддржуваат инфраструктурата на EUDCC, ангажирани од Европската комисија.

За да се поништат лажните потврди и да се обезбеди зголемена заштита, повторно се генерирани ЕУ сертификатите на граѓаните на Република Северна Македонија. Секој граѓанин на многу поедноставен начин, за помалку од една минута, може да го добие својот ЕУ сертификат со пристап на порталот vaakcinacija.mk, потенцираат од Министерството за здравство и додаваат дека не станува збор за генерирање или повлекување од употреба на Национален сертификат за вакцинација, но за генерирање на сертификатот ЕУ, кој може да се добие и на vakcinacija.mk и CommonPass.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни