Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е убеден дека во општина Центар кандидатите за Горан Герасимовски и Петре Шилегов ќе победат со повеќе од 5.000 гласа.
Тој на денешната маалска средба рече дека важно е секоја педа од Скопје да продолжи модернистички да се развива, а не со барок, споменици и шмизли.
Вели дека од понеделник граѓаните ќе ја заборават противкандидатката на Шилегов, Данела Арсовска.
-Жално е што овие денови се обидуваат да го потценат, да го излажат и изманипулираат нашиот народ. Зборуваше Петре, ние немаме проблем како се изјаснува граѓаните во својата определба , дали Данела се чуствува Бугарка или не, ние сме лидери на едно општество за сите, секој може да биде кандидат во оваа држава. Но, да го лажеш својот народ и да манипулираш во камери, ја прашуваат – „Абе кажете, кажете дали е вистина или не?“ Таа – „Тужба ќе ви поднесам“. Кога, во понеделник? Во среда? Во понеделник ќе ја заборавиме веќе Данела Арсовска, тоа е јасно на сите, рече Заев.