Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги предупреди владите во Европа да не ги затвораат училиштата, и покрај зголемувањето на инфекциите со ковид-19 во многу земји.
СЗО истакна дека како што се приближува зимата, повеќе од 53 земји кои припаѓаат на Европскиот регион на СЗО забележале зголемување на бројот на заразени лица од сите возрасти, додека регионот забележал зголемување од 18 проценти на новозаразени лица.
„Доколку се воведат мерки за намалување или контрола на инфекцијата, училиштата треба да бидат последното места кои ќе бидат затворени, како и први што ќе се отворат по завршувањето на соодветни превентивни мерки“, велат од СЗО.
„Прекинот на образованието на децата треба да биде последна опција. Наместо затворање на образовните институции, СЗО предлага поширок пристап за намалување на заразата во општеството. Ова ги вклучува училишните средини, каде физичкото растојание, честото миење раце, носењето маски, соодветен систем за вентилација во училниците и подобар пристап до тестирањето се важни, особено каде има повеќе деца“, се вели во соопштението.