Претседателот на Левица, Димитар Апасиев обвинува дека власта го темпирала отворањето на „Ист Гејт“ да биде баш пред вториот круг од изборите. Но за него посимптоматично е што синот на актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за нов мандат поседува луксузен деловен објект од 350 квадратни метри во истиот мол.
-Лузерите Шилегов и Заев го токмеле и форсирале отворањето на Ист Гејт, да биде баш пред вториот изборен круг – за да прокнижат некое поенче, ко божемски, демек еве ние “инвестираме”. И се тоа ќе си беше ОК, да не ја дознавме веста дека синот на скопскиот Крадоначалник во заминување, на свои 20-на години, поседува дури 350 квадрати екстра луксузен деловен објект, баш у тој нов мол!? Случајно, нели? Додека вие немате да им дадете на вашите деца 100 денара за на голем одмор, нивните се милионери уште неиспилени! Имајте го ова на ум во недела, кога ќе ги куткаме од влас овие корумпирани хоштаплери, напиша Апасиев на Фејсбук.