„Гласањето в недела мора да помине во фер и демократска атмосфера како што и личи на држава која е членка на НАТО и пред започнување преговори со Европската унија“, повика претседателот Пендаровски.
Тој ги повика граѓаните да го искористат своето демократско право и посочи – нема помалку или повеќе важни избори, гласот на граѓаните секогаш одлучува за иднината на локалните заедници, но, истовремено и за иднината на земјата.
Изберете кандидати кои ги застапуваат демократските вредности и кои можат да ги решат реалните проблеми, рече претседателот Пендаровски.