Македонија

ВМРО-ДПМНЕ победи во Битола, Коњановски нов градоначалник, Кондовски му честиташе!

Кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски е нов градоначланик на Општина Битола, кандидатот на СДСМ загуби со над 2000 гласови.

„Најпрво да ја поздравам вашата одлука, ова е само ваше право, ова е право на битолчани. Да ја поздравам победата на мојот против кандидат. Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера. Продолжуваме со животот во Битола понатаму, одлучија битолчани како ќе се движат наредните 4 години. Јас како стопанственик , како симпатизер на СДСМ, како една конструктивна личност во општеството продолжувам да ја поддржувам политиката на Битола, за поддршка и прогрес, ќе бидам една конструктивна личност во иднина. Трендот е тој и граѓаните одлучуваат како и што же се движи во контекст на Советот и во контекст на градоначалникот. Ја охрабрувам СДСМ, ја подржувам активно и коалицијата да продолжи со прогресивните политики во делот на ЕУ , во делот на НАТО Алијансата со политиките кои треба да ги спроведиме. Нашата држава е демократија и треба да се движи во тој колаж кој го одбираат граѓаните. Граѓаните се газди на нашата држава, се газди на нашата Битола, ја поздравувам одлуката и од утре продолжуваме  конструктивно да работиме со сите политички опции“, рече Кондовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни