Македонија

Заев: Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ

На вечерашната прес конференција, премиерот Зоран Заев поднесе оставка од премиерската функција и претседател на СДСМ.

„Им честитам на нашите политички опоненти за победата. Ја преземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани, заклучно со резултатите на овие избори. Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интегрирана Северна Макеоднија. Изразувам почит до сите вас, прогресивен мој народе. Им честитам на сите избрани градоначалници и посакувам чесно да му служат на народот“ , изјави Зоран Заев вечерва на прес конференција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни