Македонија

Шаќири: Стружани знаат да ја вреднуваат работата, транспарентноста, посветеноста и затоа победата е заедничка

Министерот за информатичко општество и јавна администрација преку објава на социјалните мрежи честиташе на својот сопратиец, но и сограѓанин Рамиз Мерко за четвртито мандат за татко на градот.

„Пријатели, да ни е честито на сите победата на Рамис Мерко, победата на ДУИ и победата на сите стружани!Сите победивме, Општина Струга има отворени врати за секој граѓанин, Струга се гради за да обезбеди подобри услови за живеење.Стружани знаат да ја вреднуваат работата, транспарентноста, посветеноста, и затоа победата е заедничка.Благодарам на секој граѓанин, на секој активист, и особено на дијаспората. Ви благодарам многу за поддршката, посветеноста и прекрасната кампања!Да ни е честито заедничката победа!“, напиша Јетон Шаќири на Фејсбук.

ДУИ во вториот круг победи и ја освои власта во општините: Чаир, Арачиново, Теарце, Боговиње, Кичево, Долнени и Струга.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни