Веста за која се зборува ширум светот во последните неколку дена е дека холивудскиот актер Алек Болдвин ја убил својата колешка, Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Суоз со употреба на реплика на пиштол за време на снимањето на „Раст“ во Ново Мексико.
Од тој момент, познатиот актер беше постојано следен од папараците, па застана на сред пат и реши за прв пат да зборува за немилиот настан пред нивните камери.
- Таа ми беше пријателка. Дента кога пристигнав на снимањето, ја однесов на вечера со режисерот, бевме тим кој работеше одлично и тогаш се случи овој ужасен инцидент – изјавил видно потресениот актер.
Baldwin breaks his silence in person while laying low in Vermont. https://t.co/s8Lt89y4o2
— TMZ (@TMZ) October 30, 2021
На прашањето за истрагата која е во тек, не му беше дозволено да зборува, но го спомна семејството на починатата Халина:
- Ги видов нејзиното семејство и нејзиниот сопруг … Тие се скршени. На филмските сетови има разни несреќи, но ништо вакво, ова се случува еднаш во милион случаи… Тој и неговиот деветгодишен син се во шок.
Исто така, Болдвин изјавил дека не е сигурен кога повторно ќе биде подготвен да снима сцени со оружје и дека снимањето на филмот „Раст“, чијшто е еден од продуцентите, нема да продолжи.
Откако одговори на прашањето на новинарите, познатиот актер љубезно ги замоли да престанат да го следат и да не ја влошуваат ситуацијата, која само по себе е повеќе од шокантна.