Повеќе од 100 светски лидери ќе се обврзат дека ќе стават крај и ќе го поништат уништувањето на шумите до 2030 година, во првиот голем договор на климатскиот самит COP26.
Според странските медиуми, пренесува Телеграф, Бразил – каде што е исечена амазонската прашума – ќе биде меѓу потписниците во вторник.
Ветувањето вклучува скоро 19,2 милијарди американски долари во јавно и приватно финансирање.
Експертите го поздравија овој потег, но предупредија дека претходниот договор од 2014 година „целосно не успеа да го забави уништувањето на шумите“ и дека мора да се исполнат обврските.
Сечењето дрвја придонесува за климатските промени бидејќи ги осиромашува шумите кои апсорбираат големи количества CO2 за греење.
Двонеделниот самит во Глазгов се смета за клучен за климатските промени да се стават под контрола.