Свет

Уапсени 35 лица во протестите во Будимпешта

Унгарската полиција синоќа уапси 35 лица, и со солзавец ги тераше демонстрантите на улиците низ Будимпешта.

Неколку илјади луѓе протестираа против законот со кој се зголемува бројот на прекувремени работни часови од 250 на 400. Работничките синдикати го оценија овој закон како „робовладетелски закон“. Демонстрантите го сопираа сообраќајот на неколку часа.

Неколку демонстранти бараа оставка од премиерот Виктор Орбан.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни