Македонија

Аднан Азизи од Беса: Game Over

Организацискиот секретар на Движењето БЕСА, Аднан Азизи преку статус на „Фејсбук“ реагираше по веста дека се формира ново парламентарно мнозинство.

Азизи смета дека функционерите и лидерот на ДУИ не ја послушале пријателската сугестија на Касами да си заминат како победници од политичката сцена, а не сега како губитници.

– Пријателската сугестија на претседателот Билал Касами да се пензионираат како победници се претвори во непромислен напад врз Движењето БЕСА. Како што ви кажавме да го предадете „Калето“ (Тетово) пријателски бидејќи ќе се посрамите не нѐ послушавте, сега истото ќе ви се случи. Ќе си заминете од политичката сцена како губитници и засрамени! „Game Over“, напиша Азизи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни