Најновите податоци на „Еуростат“ покажуваат дека жителите на Германија и на Луксембург имаат најдобар животен стандард. Во спротивно, на дното се наоѓаат Бугарија, Унгарија и Хрватска.
30% над просекот од ЕУ, највисока потрошувачка по жител има Лускебург. После Германија следат Австрија, Данска и Обединетото Кралство. Во Белгија, Холандија, Шведска и Франција стандардот бил 10% над просекот.
Само 10 земји во ЕУ во 2017 година биле над просекот на Унијата.
Земји со најниско ниво на потрошувачка по жител, се Романија, Литванија, Хрватска, Унгарија и Бугарија. Во Хрватска куповната моќ била 38 % под просекот.