ЛДП и ДОМ не би преземале чекори со кои ќе се загрози европската перспектива на државата. На прашањето до пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП дали ќе ја поддржат иницијативата за гласање недоверба на Владата за “Фокус” изјавија дека не би гласале недоверба на нивниот претседател кој е актуелен министер за локална самоуправа во Владата.
И Маја Морачанин од ДОМ потврдува дека нема да гласаат недоверба на Владата.
Извор: ФОКУС