Британската полиција ја прогласи за терористички акт, вчерашната експлозија на такси-возило пред болницата во Ливерпул.
Во детонацијата загина патникот, а возачот заврши со повреди.
Таксистот успеал да го заклучи осомничениот кој го внел импровизираниот експлозивен уред во возилото, а кој се активирал ненадејно.
За случајот се уапсени четворица, во тек е истрага за мотивите.