Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повтори дека само брзи предвремени избори се решение за политичката криза во државата.
-Народот ќе одлучи кога, на предвремени парламентарни избори кои што треба да се случат час поскоро. Доколку не се случат такви предвремени парламентарни избори тогаш дополнително ќе мораме да го оцениме однесувањето на СДСМ и ДУИ како неодговорно кон граѓаните и државата. Јас апелирам час поскоро да се соземат, да разберат дека се поразени и заедно да организираме брзи предвремени избори и да дојде народна влада која што ќе биде избрана од народот на Македонија и ќе работи за нивните интереси, вистинска професионална влада, рече Мицкоски.
За лидерска средба, Мицкоски рече дека не гледа што би се разговарало, иако е секогаш добредојдена.
-Што не ги пуштеа нивните пратеници да гласаат, ќе беше 60 со 59 и пак ќе беше неуспешна интерпелацијата. Тие го засрамија секој граѓанин кој го заокружил нивното име. Буквално 59 пратеници се срам за демократијата. Власта сама себе се бојкотираше, зошто? Затоа што лидерите немаат доверба во своите пратеници, додаде Мицкоски.