Свет

ЗА ПРВ ПАТ СЕ ВОВЕДУВА НОВ ЗАКОН: Иран забранува чување на домашни миленичиња

Чувањето на миленичиња, како и шетањето на кучињата наскоро ќе започне да се казнува во Иран, јавуваат локалните медиуми.

Конзервативните пратеници во Парламентот вчера поднесоа нов закон според кој шетањето на кучињата ќе се санкционира со високи казни, додека пак автомобилите во кои се возат миленичиња ќе бидат запленети три месеци.

Покрај тоа, станодавците нема да можат да изнајмуваат куќа или стан на сопствениците на домашни миленичиња.

Според исламот, чувањето миленичиња во куќата се смета за нечисто, но дел од иранските парламентарци веруваат дека шетањето кучиња предизвикува паника кај населението.

Иако полицијата досега неколку пати се обидуваше да ја воведе оваа забрана, таа не се реализираше, но сега за прв пат истата ќе се воведе со закон.

Познавачите на ситуацијата во Иран очекуваат сопствениците на домашни миленичиња да го игнорираат законот, исто како и претходните забрани. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни