Македонија

„Заев има историја на купување пратеници“, вели Бишевац

Поранешниот пратеник Сафет Бишевац е еден од соговорниците вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21. Покрај Бишевац, во студиото на ТВ21 се Стефан Богоев и политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски.

Бишевац за последните случувања и премислувањето на пратеник за да се урне владата, коментираше дека Заев има историја на купување на пратеници.

„И понатаму тврдам дека тоа што не беше исполнет еден џентрлменски договор, ќе се види многу брзо зошто Реџепи го смени мислењето. Но, таков начин како актуелното владеачко мнозинство ја обезбеди самоизолацијата на г-нот Реџепи, се може да се случи. Знаеме дека Заеви има историја на купување и обезбедување на пратеници, како што беше промената на Уставот“, рече Бишевац.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни