Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 се дебатира со гостите за актуелната политичка ситуација.
Поранешниот пратеник Сафет Бишевац претходно кажа дека „Заев има историја со купување пратеници“, на што одговори и Стефан Богоев, член на ИО на СДСМ.
„Јас би ве навратил сите, 5-6 години наназад, Бишевац беше пратеник, верувам дека се сеќава многу добро. Практично во оваа држава мајстори за контролирање на пратеници се ВМРО-ДПМНЕ. Знаете дека во времето на Груевски ги тераа да потпишуваат меници. Јас имам информација дека и во неколку општини во Скопје и во внатрешноста во моментов, веќе се тераат советници на ВМРО-ДПМНЕ да потпишуваат меници исто како што се тераа да потпишуваа меници во Собранието, за да гласаат буџет, па имавме тепачки. Сега најверојатно потпишувањето меници е за урбанистички планови. Слушавме во последните денови за киднапирање на пратеник, па излезе дека е жив и здрав. Но, кога зборуваме за киднапирање на пратеници, и за мениците, е тоа е киднапирање на волја на пратеници што го правеше ВМРО-ДПМНЕ“, рече Богоев.