Пратеникот Кастриот Реџепи на својот Фејсбук профил објави дека одлучил да покрене неформална политичка иницијатива во Собранието – ЕВРОПА 21.
Како што пишува, иницијативата е за обединување на прогресивните сили во насока на задржување на евроатланската перспектива на земјава, особено во пресрет на претстојните самити на Европската Унија.
Во својата објава Реџепи додава и дека денеска имал продуктивна средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, каде одблиску се запознал со сите процеси на надворешната политика поврзани со европските интеграции на земјава.