Македонија

Гаши: „Ќе ги разгледам двете опции, приклучување кон Владата и останување во опозиција“

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, по денешната средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, рече дека имале отворена дискусија за тоа како мнозинството ја гледа Алтернатива, но дека за двете опции кои се пред нив – поканата за членство во Влада или да остана опозиција, ќе дискутираат на органите на партијата врз основа на аргументи.

– Имавме отворена дискусија и јас сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за сите нас, изјави Гаши.

Алтернатива, нагласи Гаши, имајќи ја предвид сериозноста на политичката ситуацијата во земјата, има обврска да го види концептот на Заев на кој начин може да се надмине оваа криза и како мнозинствотото гледа на Алтернатива.

– Како претседател на Алтернатива, јас имам обврска да ги разгледам двете опции. Првата опција е приклучување на парламентарното мнозинство, а втората опција е да продолжиме со опозицијата. Двете опции ќе ги дискутираме на органите на партијата врз основа на аргументи, што е подобро за интересот на земјата, граѓаните, Албанците и секако на Алтернатива, изјави Гаши. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни