Македонија

„Не сакаме да оставиме изговор дека сме нестабилни и дека не се знае кој има парламентарно мнозинство“, порача Заев

Република Северна Македонија е исправена пред многу важен момент а тоа е очекувањата во декември конечно да ја оствариме големата цел, долгогодишното ветување од ЕУ, започнување на преговори за влез во Унијата и да ја закажеме првата меѓувладина конференција, изјави премиерот Зоран Заев по денешната средба со лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

-Тоа е нешто кое мора да биде одговорност на сите во државата, затоа што не би сакале Република С. Македонија да остави изговор пред ЕУ дека сме нестабилни и не се знае кој е парламентарно мнозинство во услови кога ќе се носат големите одлуки, рече Заев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни