Ретка копија на американскиот устав од 1787 година, е продадена синоќа на аукција во њујоршкиот „Сотби“ за рекордни 43,2 милиони долари.
Иако акционерите процениле дека документот ќе достигне цена од 15 до 20 милиони долари, сепак била постигната двојно поголема цена, а идентитетот на купувачот остана непознат.
Сотби појасни дека ова е една од само 13-те зачувани копии на документот, отпечатени за уставната конвенција одржана во 1787 година во Филаделфија.
Документот последен пат беше продаден на аукција во 1988 година, кога достигна цена од 165.000 долари. Го купил покојниот Хауард Голдман, њујоршки милијардер, развивач на недвижнини и собирач на американски автограми, документи и вредни ракописи.