Свет

Сè повеќе популарни се овие криптовалути – инвестираше и Џордан Петерсон

Познатиот канадски психолог Џордан Петерсон објави дека вложил пари во моментално најсилната криптовалута.

Изјавата дојде неколку дена откако тој објави нова епизода од неговиот подкаст, каде што разговараше за криптовалутите со д-р Сеифдин Амус од Универзитетот Колумбија.

Петерсон разговараше со својот соговорник за голем број прашања, како на пример дали криптовалутата е безбедна за инвестирање и како изгледа нејзиното ривалство со традиционалните валути.

Д-р Амус тврдеше дека биткоинот прераснал во децентрализирана монетарна мрежа, која е ослободена од контрола и дискриминација.

„Аспектот што мрежата на биткоин го гледа и го третира секој корисник е подеднакво моќен и револуционерен. Сите системи што моментално се поставени, базирани на „фиат“ валути, дозволуваат произволна дискриминација и санкции“, рече тој.

Експертот подоцна му се заблагодарил на Петерсон во објава на социјалните мрежи, а канадскиот психолог пак рекол дека купил повеќе биткоини, пренесува Sputnik International.

Инаку, според пишувањата на медиумите, Петерсон ја зголемил својата нето вредност која сега се проценува на 7 милиони долари. Се разбира, најголемиот дел од неговото богатство не потекнува од криптовалутите, туку од авторските права од неговите книги.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни