Свет

Најбрз во светот: За два и пол часа – повеќе од 1.000 километри (ВИДЕО)

Кина го изгради најбрзиот воз во светот кој може да достигне брзина од дури 600 километри на час.

За движење користи технологија за магнетна левитација, позната како „маглев“, која се заснова на принципот дека магнетните полови се одбиваат.

Според Ројтерс, магнетите под возот ја користат оваа сила за да лебдат над магнетите на шините, се вели во видеото објавено на Твитер профилот на Светскиот економски форум.

Ова го елиминира триењето и овозможува многу поголеми брзини. Друг сет на магнети вградени во шините се користи за туркање и влечење на возот.

Овој нов кинески воз би можел да ве однесе од Пекинг до Шангај за само два и пол часа, што е речиси двојно побрзо од брз воз. Сепак, прво треба да се изградат шините.

Повеќе во видеото:

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни