Свет

Зошто е важна бустер дозата?

Европската агенција за лекови (ЕМА) го повтори својот повик до граѓаните да се вакцинираат, а потоа да примат и засилена доза како заштита од моментално доминантниот делта сој на коронавирус.

„Засилените дози ќе играат важна улога во стратегијата за вакцинација бидејќи првите теренски податоци покажуваат дека засилените дози на вакцините Pfizer и Moderna добиени шест месеци по примарната вакцинација кај возрасните ја враќаат заштитата од инфекција со коронавирус и нејзината моментално доминантна делта варијанта“, рече д-р. Марко Кавалери од ЕМА.

На редовната прес-конференција во ЕМА наведуваат дека со приближувањето на зимата се зголемува бројот на заболени и хоспитализирани во речиси сите земји членки, а повеќето пациенти на интензивна нега се невакцинирани.

„Сакаме да ја повториме неопходноста од вакцинација, но и бустер дози. Од витално значење е да продолжиме со процесот на вакцинација, особено во земјите со помал процент на вакцинирани“, вели Кавалери.

Тој повторува дека препораката на ЕМА е да се вклучи бустер доза за вакцините Pfizer и Moderna шест месеци по примарната вакцинација, но укажува и на флексибилност во случај на скратување на интервалот помеѓу втората и третата доза од вакцината.

Од ЕМА нагласуваат дека сè уште немаат доволно информации кога станува збор за препорака за можна бустер доза за вакцината Џонсон и Џонсон, која вообичаено се прима во една доза.

Кога станува збор за употребата на различни вакцини во примарната вакцинација и засилувачките дози, ЕМА вели дека истражувањето засновано на специфични имунолошки одговори од теренот ја поддржува оваа стратегија за вакцинација.

За ова прашање, како и за потребниот интервал помеѓу примарната вакцинација и бустер дозите при мешање на вакцините ЕМА, се очекува да биде објавено до крајот на ноември.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни