Македонија

Васко Пиргов: Глетката беше страшна – „Несоодветна брзина најверојатно ја предизвикала несреќата“

Несоодветната брзина и доведувањето во заблуда на возачот најверојатно ја предизвикале страшната автобуска несреќа со жртви во Бугарија. 

Ова за bTV го изјави секретарот на регионалниот совет за безбедност на Перник, Васко Пиргов, кој на местото на инцидентот пристигнал меѓу првите, заедно со полицијата и пожарникари.

Кога пристигнал околу 3 часот и 30 минути, пожарот бил изгаснат, а размерите на трагедијата станале јасни. 

„Не се кажува, глетката беше страшна, патниците скокнале од задниот десен прозорец на автобусот“, изјави Пиргов за bTV.

Според него, автобусот застанало на бензинска пумпа, која е оддалечена само 20 минути од местото на трагедијата и невозможно е возачот да спиел.

Според Пиргов, возачот најверојатно возел со несоодветна брзина.

Тој вели дека делот од автопатот на кој што се случи несреќата е во совршена состојба, ограден со бариери.

Според Васко Пиргов, повеќето од жртвите најверојатно се задушиле. „Претпоставувам дека за 2-3 минути изгоре автобусот“, рече тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни