Свет

Поради труење со храна послужена во храм, 11 лица починаа во Индија, десетици хоспитализирани

Единаесет лица, меѓу кои две деца, починаа од труење со храна послужена во храм во јужната индиска држава Карнатака, соопшти полицијата.

Од масовното труење, како што го окарактеризира полицијата, 90 лица се во болница со дијареа, повраќање и проблеми со дишењето.

Медиумите во Индија известуваат дека труењето со храна е поради одредени пестициди, но полицијата смета дека е премногу рано да се даваат заклучоци за причините за труењето.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни