Обвинителката Вилма Рускоска денеска во изјава за медиумите истакна дека на местото на несреќата се наоѓа и сопственикот на превозната компанија, со кого кратко разговарала.
„Рече дека 20 години имаат транспортна фирма, досега немале никави инцидент. Но како што веќе кажаа и колегите, ќе ја обезбедиме целата документација за сите автобуси – кога се регистрирани и кога биле на технички преглед. И истите ќе бидат предадени на бугарските колеги“, порача Рускоска.
Таа додава дека како обвинители повеќе веруваат на документи, отколку на исказ на било кого.