Пред македонската амбасада во Софија граѓани положуваат цвеќе во знак на сочувство за македонските граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа во која загинаа најмалку 46 лица, јави репортерот на БГНЕС.
Луѓето положуваат цвеќе во знак на сочувство за тагата на семејствата на загинатите во несреќата.
Во страшната несреќа на автопатот Струма загинаа 46 македонски државјани, меѓу кои 12 деца.