Македонија

ВИДЕО: Снимен моментот кога патниците влегуваат во автобусот на „Беса транс“

Турските медиуми објавија снимки од безбедносните камери на хотелот каде престојувале македонските државјани во Турција. На снимките се гледаат деца и повозрасни луѓе како излегуваат од хотелот и влегуваат во автобусот на „Беса транс Скопје“ кој неколку часа подоцна се запали кај селото Боснек во Бугарија при што загинаа 45 лица.

Несреќата ја преживеаа 7 патници кои се во болницата во Софија и се вон животна опасност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни