Македонија

Страшна несреќа во Бугарија – меѓу жртвите и 27-годишник од Кичево

Трагедијата што се случи во Бугарија зави во црно многу семејства во Македонија, меѓу кои и семејството Укали од Кичево.

Ова семејство го изгуби синот единец, Газменд, кој заедно со својата свршеница од Тетово, Албина Бељули, одлучија 27-миот роденден на Газменд да го прослават во Турција.

Газменд работеше во општина Кичево во Секторот за односи со јавноста и невладини организации, Секторот за меѓународна соработка со дијаспората.

Неговите колеги со неверување ја примија веста за смртта на Газменд.

Градоначалникот Фатмир Дехари, низ солзи рече дека овој ден не смеел да се случи никогаш. Едвај го чекавме да се врати за да го прославиме неговиот роденден, додава тој.

„Толку беше приврзан за овој град. Толку многу љубов имаше. Не сакав да поверувам дека се случи оваа трагедија. Всушност, ова е голема трагедија за сите семејства кои ги загубија своите сакани. Го молам Господ да им даде сила и трпение да го надминат ова. Никако не сакав да поверувам. Ниту сега не сакам да верувам…Но, тоа е живот. Ќе го живееме делот од животот додека да отидеме таму, заедно со него“, посочи Фатмир Дехари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни