Македонија

Болката е огромна, над 20 загинати се од општина Студеничани, вели Садики

Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики денеска на прес конференција истакна дека над 20 лица загинати во трагичната несреќа во Бугарија се од оваа општина.

Тој додаде дека меѓу загинатите се и мајка со четири деца и нејзината сестра со две деца, и уште една наставничка со ќерка и.

„Ова е голема загуба , за сите нас, за цела држава, а особено за Студеничани. Болката е огромна, изразувам сочувство , а Господ загинатите да ги дарува со Џенет. “ , рече градоначалникот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни