Македонија

ВИДЕО: Автобусот на „Беса транс“ отстранет од автопатот Струма во Бугарија

Под силно полициско обезбедување, попладнево е отстранет запалениот автобус од автопатот Струма во Бугарија, јавува репортерот на ТВ21.

Страотна вест за трагичната автобуска несреќа во која животот го загубија 46 лица ги потресе утринава граѓаните на Македонија. 

Автобус на Беса Транс од се уште не утврдени причини околу 3 часот рано изутрина се превртел и потоа се запалил.

Меѓу загинатите има 12 деца, а несреќата ја преживеале седум лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни