Еден од седумтемина преживеани во автобусот што изгоре во Бугарија е млад човек од Прешево кој се спасил откако го скршил задниот прозорец со неколку лица и скокнал од автобусот.
Српскиот амбасадор во Бугарија, Жељко Јовиќ го посетил српскиот државјанин Љуљзим Сулејмани, кој бил повреден во синоќешната несреќа што се случи на автопатот кај Софија.
Амбасадорот им се заблагодарил на лекарите и медицинскиот персонал за вниманието што му го посветиле на Сулејмани и му посакал брзо закрепнување, како и што поскоро да ја напушти болницата и да се сретне со неговата свршеница, државјанка на Македонија, која исто така е повредена и е во иста болница
„Продолжете да живеете заедно и што поскоро заборавете на големата трагедија“, му порачал Јовиќ.
Инаку, уште шест лица успеале да се спасат од оваа несреќа, а истите моментално се во болница.