Живот

Кој е векот на горивото?

Многумина ги оставаат своите автомобили на паркинзи и гаражи со месеци без да размислуваат за гориво, но има рок на траење кој всушност истекува релативно брзо по купувањето.

Како што советува списанието HAK, бензинот и дизелот не треба да бидат во резервоарот повеќе од два до три месеци бидејќи по тој период ги губат своите својства и претставуваат потенцијална опасност за моторот.

Во биодизелот со кој се меша дизел гориво има бактерии кои по некое време почнуваат да создаваат наслаги од тиња, а можна е и корозија или затнување на системот за снабдување со гориво.

Моторот може да има проблеми со палење, движење, грубо работење во празно или губење на моќноста при забрзување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни